top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рихтер веројатно не би се согласил со Кошут за омилените уметници на милијардерите

26.08.2021 Avgust Cetvrtok

Највлијателни современи уметници на денешницата

Со остриот став на Американецот Џозеф Кошут за неоригиналноста на уметниците чии дела се посакувани за колекциите на милијардерите, веројатно не би се согласил неговиот современик од Германија Герхард Рихтер, особено кога ќе се земат предвид високите цени на неговите дела, иако може да се претпостави дека забелешката не се однесува на него. Кошут смета дека помладите уметници се под особено влијание на комерцијализацијата, несвесно мешајќи ја уметничката вредност со финансиската, што според него, се забележува и по поставените прашања за тоа кој уметник е најскап или најдобар.

– Оние уметници кои се на врвот од листите на милијардерите и нивните колекции, всушност се неоригинални уметници. Тие се мои пријатели, па нема да прецизирам за кои уметници станува збор. Но, го гледам овој феномен, и тие ме наведуваат како нивен херој од детството, а јас не знам што да сторам со тоа – кажа Кошут во разговор за британски „Гардијан“ во 2017 година.

Џозеф Кошут

Рихтер ја почна кариерата во 1962 година и ги продаваше неговите слики од самиот почеток, со што голем дел од нив завршија во приватни колекции. Делата на еден од најважните германски концептуални уметници со сигурност се омилени меѓу богатите, што може да се заклучи и според рекордните цени кои ги достигнаа на аукциите. Неговата „Апстрактна слика“ беше продадена за 44,52 милиони долари во 2015 година (тогаш беше рекордна аукциска цена за дело од современата уметност), а „Катедрален плоштад, Милано“ достигна вредност од 37,1 милиони долари во 2013 година. Дури и Рихтер кажа дека високите цени на уметничките дела се „апсурдни, бесмислени и невозможни за сфаќање“ кога беше запрашан за мислење за оваа појава.

Герхард Рихтер

Кошут во 1969 година го напиша есејот „Уметност по филозофијата“, кој денеска се смета за своевиден манифест на концептуалната уметност. Но, при осврнувањето на напишаното, американскиот концептуален уметник потсетува дека тогаш бил млад, со неговите 24 години. Можеби денес би се премислил и за неговата изјава за неоригиналните уметници или барем би ја ублажил, овој пат правдајќи се староста.

Студентите што ќе се запишат на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во претстојната академска година ќе имаат прилика да добијат образование и обука што ќе им овозможат самостојно да опстојат на домашната или на меѓународната ликовна сцена по завршувањето на студиите. Во рамките на ФЛУ се реализираат студиски програми по сликарство, вајарство, графика и по ликовна педагогија. Пријавувањето за уписот е во тек.




1 view

Comments


bottom of page