top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ристовски шокираше и се повлече од националниот тим: Одиме во погрешна насока, односот со селекторот

Ристовски шокираше и се повлече од националниот тим: Одиме во погрешна насока, односот со селекторот не ми е најдобар (Фото)

Стефан Ристовски насобра големо искуство во Европа и дочека шанса да биде капитен на македонската фудбалска репрезентација, улога која сосема заслужено ја наследи од Горан Пандев.

Фантастичниот десен бек повеќе од десет години настапува за најсилниот национален тим и мина многу фази во овој период, но сега ја шокираше цела јавност со објавата дека се повлекува поради нарушен однос со селекторот Благоја Милевски, но и поради одредени работи кои не функционираат во репрезентацијата.

Десниот бек на Динамо Загреб во својата подолга објава на социјалните мрежи не дава детални објаснувања за својата одлука, но нагласува дека ја донел истата поради фактот што функционирањето на националниот тим оди во погрешен правец.

Оваа одлука на капитенот секако е голем удар за македонскиот тим, а интересно дојде во ист ден кога Роберто Манчини реши да стави крај на својата авантура како италијански селектор.

Италија на 9-ти септември ќе гостува во Скопје без Манчини, но на тој натпревар Македонија ќе има друг капитен и нов играч на десната бековска позиција.


0 views

Comments


bottom of page