top of page

Ристовски со силен мотив против Италија: Нема поголема мотивација од тоа да играш натпревар за пласм

Ристовски со силен мотив против Италија: Нема поголема мотивација од тоа да играш натпревар за пласман на МундијалотКапитенот на македонскиот национален тим, Стефан Ристовски го придружуваше селекторот Благоја Милевски на денешната прес конференција пред натпреварот од историско значење за македонскиот фудбалер против Италија.

Репрезентацијата на Македонија на „Ренцо Барбера“ против екстра силната Италија ќе брка историски резултат по кој би можела да дојде на само еден чекор до пласман на Светското првенство.

За Ристовски токму ваквите натпревари се најголема мотивација и верува дека тој и неговите соиграчи утре ќе го дадат максимумот за да ја израдуваат македонската нација.

– Горд сум што играм за овој национален тим. Нема поголема мотивација од играње натпревар кој би можел да те однесе на Светското првенство. Подготвени сме да го дадеме максиммот на теренот, -изјави Ристовски кој потоа упати само пофални зборови за утрешниот противник.

– Во Италија сите се шампиони, не беше случајност што го освоија Европското првенство. Ќе се обидеме да ги искористиме отсуствата на некои нивни играчи, но сепак во ростерот поседуваат многу шампиони, -изјави Ристовски.



 
 
 

Comments


bottom of page