top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ристовски потврди шест нови имиња и едно важно заминување како нов извршен директор на Вардар

Борко Ристовски денес беше еден од луѓето кои му правеа друштво на Михајло Михајловски на закажниот прес од страна на Вардар, на кој беше соопштено дека легендарниот голман ќе ја има најодговорната функција во клубот.

„Министерот за одбрана“ беше назначен за нов извршен директор на Вардар и ќе ги наси најважните одлуки поврзани за клубот и играчкиот кадар, а откако се заблагодари за укажната доверба, откри и кои шест ракометари се веќе ангажирани од страна на „црвено-црните“.

– Сакам да му се заблагодарам на претседателот Михајловски за укажаната доверба, бидејќи не е мала работа да се биде на оваа функција. Вардар е еден од најдобрите европски клубови, апсолутно најдобар македонски клуб и тоа носи своја тежина и одговорност. Мене ми е чест што сум дел од тимот кој ќе го води Вардар и целта ќе биде да го вратиме онаму каде припаѓа. Сакам да му се заблагодарам на Михајловски за се што направи за Вардар и македонскиот ракомет, тој е повеќе од 30 години на сцената, а јас ќе се обидам се она што го имам како контакти, пријателства и некоја тежина во спортот, да го искористам и да му помогнам на Вардар.

– Ова ќе биде еден поинаков чекор за мене, со големи одговорности, но подготен сум сето она што го знам да им го пренесам на останатите. Верувам дека ќе бидеме успешни повторно, некоја прва цел за оваа сезона е да го стабилизираме клубот, како на финансиски, така и на играчки кадар, – изјави Ристовски кој потврди дека пристигнале шест нови играчи, а си оди Дејан Манасков.

– Имаме потпишано 6 играчи кои сметаме дека се квалитени, а за кои тренерите решија дека се потребни. Останува простор ако се појави некој играч што е потребен да се вклучиме во трка за него. Сега ќе почнеме со оној ростер со кој располагаме. Нови грачи се Марко Срдановиќ, Стефан Петриќ, Матија Николиќ, Нилтон Мело, Косуке Јашухира и Ансер Родригез. Дејан Манасков за жал нема да биде дел од Вардар во новата сезона, по неговата одлука решивме да го ангажираме Срдановиќ како ново перспективно лево крило. Му посакуваме на Манасков многу среќа во иднина, – додаде Борко.


1 view

Comments


bottom of page