Ристовски: Очекувам поразличен натпревар од оној на ЕП
Стефан Ристовски стандардно му правеше друштво на селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција која се одржа во просториите на ФФМ, а која беше официјална најава за она што следува утре на националната арена „Тодор Проески“.
Македонија и вториот натпревар во овие квалификации ќе го одигра на домашен терен, но по победата над Малта која беше очекувана, сега следи нависитна многу потежок испит.
Украина е селекција која високо котира и која влегува како фаворит во дуелот со Македонија, но капитенот на нашиот тим не се предава предвреме и верува дека заедно со соиграчите ќе успеат да парираат во текот на сите 90 минути.
– Ако ме прашувате мене, Украина е број еден од ониее селекции кои важат за „нефаворити“. Украина игра одличен фудбал и сите добро се сеќаваме дека игравме против нив на Европското првенство.
– Сепак, утре очекувам поразличен натпревар од тој тогаш. Колку што добро се сеќавам, тогаш одигравме две различни полувремиња, ние направивме грешки и Украина го искористи тоа. Ако сакаме успех, мора да го издржиме мечот на високо ниво на физички план и да одговориме на нивното силно темпо. Верувам дека со поддршка од трибините ќе успееме да ги израдуваме навивачите. Утре потребен ни е перфектен меч. Добро знаеме како функционираат работите, ако не освојуваш бодови, нема да одиш никаде, – изјави капитенот Ристовски.
댓글