Ристовски: Кај нас нема Македонци, Албанци... им ги отворивме очите на сите!
Updated: Nov 16, 2021
14.11.2021 Noemvri Nedela
Стефан Ристовски со капитенската лента ја предводеше Македонија до голем триумф над Исланд (3-1) вреден место во баражот за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година. По дуелот, десниот бек полн со емоции говореше пред новинарите и истакна дека е горд што е предводник на овој тим.
„Убаво е ова, исполнет сум емоции и горд сум што говорам пред сите за овој успех. Натпреварот колку и да звучеше пред стартот дека ќе бидеме релаксирани, притисокот си го правеше своето. Македонија не е навикната да игра вакви натпревари за влез на ЕП, за бараж на СП... Денес, Македонија им ги отвори очите на сите во фудбалскиот свет. Како што напоменав пред меч, квалитетот излезе на површина. Имаме одлични играчи, носители на играта во квалитетни лиги и тоа ја направи разликата. Околу публиката... драго ми е што го израдувавме овој народ. Во нашата соблекувална нема Македонец, Албанец... црн, бел... туку има единство, сите играме за еден дрес и така успеавме да дојдеме до тука кадешто сме. Македонскиот народ го мачат многу нешта, сега ова доаѓа како еден момент во кој овој народ се сплотува, Македонија и овој народ заслужува вакво нешто. Ние сме горди што успеавме во ова“, изјави Ристовски.
Нашиот национален тим ќе го добие ривалот во баражот како неносител, а натпреварите се играат во месец март.
Comments