Search
Ристовска со квалитетно издание против Краснодар
- Aleksandar Santovski
- Mar 19, 2024
- 1 min read
19.03.2024 Mart Vtornik
Екипата на ЦСКА Москва од која дел е Сара Ристовска им се врати на победите во рускиот шампионат и тоа во дуелот со Кубањ Краснодар.
Домашните ракометарки се прикажаа во далеку подобро светло од претходните два натпревари и запишаа триумф од 38:25 (19:13).
Македонската репрезентативка Ристовска беше меѓу најдобрите на теренот со четири гола од пет обиди.
Во следното коло ЦСКА има тешко гостување, дерби соочување со Ростов кој е лидер на табелата.
Comments