top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ристовска со едно промашување против Астраханочка

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска и нејзините колешки од ЦСКА Москва забележаа нова победа во рускиот шампионат, овој пат над тимот на Астраханочка со резултат 39-32. Домашниот тим одигра колку што му беше потребно, поточно откако го скрши противникот во втората половина на првото полувреме потоа му беше многу полесно и без проблеми ја контролираше играта на теренот. Ристовска имаше едно промашување, два гола од три обиди. Најрасположена за игра беше Кулак со 8 погодоци. Сега за ЦСКА следи дербито, гостувањето кај ривалот Ростов Дон закажано за 24 февруари.


1 view

Comments


bottom of page