top of page
Search

Ристовска и ЦСКА ја минаа четвртфиналната пречка во Купот на Русија



30.01.2024 Januari Vtornik

ЦСКА Москва на Сара Ристовска успеа да ја мине четвртфиналната пречка во Купот на Русија.

Актуелниот руски шампион пред неколку дена загуби од Черноморочка со 28:26, но во денешната средба ја „избриша“ таа негатива и со 37:32 дојде до севкупна победа од 63:60 за пласман во следната фаза на ова натпреварување.

Клучно беше второто полувреме во кое домашните ракометарки се разбудија, заиграа на нивото кое се очекува и со 23:15 се изборија за пресврт и воедно триумф кој ги остава за пехарот во Купот.

Македонската репрезентативна Ристовска даде три гола од четири обиди за 30 минути на теренот. Инаку место во полуфиналето обезбедија и екипите на  Ростов Дон, Динамо Синара и Лада Тољати.

Следно за Сара и другарките е соочувањето со Краснодар во домашниот шампионат.


4 views

Comments


bottom of page