Search
Ристовска и ЦСКА го решија Мец на негов терен
- Aleksandar Santovski
- Nov 18, 2021
- 1 min read
Сара Ристовска и ЦСКА Москва издвојуваа голема победа над француски Мец од 32-24 во заостанатиот меч од првото коло во Лигата на шампионите.
Гостите му одржаа ракометна лекција на домаќините надигрувајќи го како во првото така и во второто полувреме. Рускиот тим се избори за предност од три гола по 30 минути (15-12), темпо и игра која ја задржа и во продолжението за големо славје во Франција.
Грос со 12 погодоци беше најдоминатна фигура кај победникот за кого Ристовска беше автор на 1 гол.
ЦСКА со четири победи и 9 бода се наоѓа на третото место во групата Б зад Мец (10) и унгарски Ѓер (14 поени).






Comments