top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рис Витерспун и Рајан Филип го одбележаа 18. роденден на својот син

Updated: Oct 27, 2021

26.10.2021 Oktomvri Vtornik

Рис Витерспун и нејзиниот поранешен сопруг Рајан Филип заедно го прославија осумнаесеттиот роденден на синот Дикон. Рис и Рајан, кои беа во брак од 1999 до 2007 година, и двајцата споделија емотивна почест на „Инстаграм“ за нивниот син на неговиот посебен ден во саботата кога позираа заедно со него за да ја одбележат таа пригода. Рајан напиша на платформата за споделување фотографии: „Среќен 18. роденден на нашиот прекрасен, паметен, талентиран и грижлив син“. А ѕвездата на Legally Blonde („Русокоса од Харвард“) сподели серија фотографии од својот син низ годините, вклучително и една како се подготвува да ги дува свеќите на неговата роденденска торта. „Како се случи ова“, вака Рис ѝ даде на наслов на објавата. „Еден ден тој менуваше Покемон-карти, пееше песни на Бруно Марс и играше American Ninja Warrior (американски нинџа-воин) во дворот“. „Следниот ден тој е повисок од мене, готви семејни стекови на скара и прави своја музика со најдобрите пријатели. Срцето ми пука од гордост за овој млад човек. Среќен 18-ти роденден, Дикон! Те сакам до Месечината околу Сонцето и сите ѕвезди“.


1 view

Comments


bottom of page