top of page

Рио ја „смени плочата“ и даде нова прогноза за мундијалската титула

11.06.2026 juni cetvrtok

Светското фудбалско првенство ќе биде во фокусот наредните 40 дена, турнир кој ќе се прати несекаде низ светот.

За жал Македонија не е дел од 48 селекции со обезбеди билет за мундијалот, но без разлика на тоа ќе можеме да уживаме во настанот кој се одржува во три земји-САД, Мексико и Канада.

Рио Фердинанд како познато име, ѕвезда сигурно ќе има што да каже во наредниов период, а во меѓувреме одлучи да ја промени и прогнозата за трката за титулата.

Неговиот избор беше Франција, ама сега и даде предност на Шпанија.

-Ламин Јамал во форма, Нико Вилијамс во форма и Родри во форма… Ќе треба нешто плус да се победи Шпанија. Секој ден кажував Франција, сè до денеска, -истакна Рио кој запрашан зошто го променил ставот, тој одговори:

-Не знам, само помислив дека ако тие момци се подготвени, тогаш ќе одат и ќе победат, -порача англиската легенда.


 
 
 

Comments


bottom of page