Рио де Жанеиро мора да му плати 673.000 долари на Ѓоковиќ
Бразилскиот град Рио де Жанеиро му остана должен на најдобриот тенисер во светот Србинот Новак Ѓоковиќ за одиграниот егзибиционен натпревар со Густаво Куертен во 2012 година. Но, српскиот тенисер толку многу се разочара од нивниот однос што одлучи да ги тужи.
По цели девет години Ѓоковиќ беше известен дека го добил одовј случај и дека градот мора да му ги исплати парите што му ги должи.
Бразилскиот весник „Глобо“ пишува дека судот пресудил во корист на Србинот и дека на неговата сметка наскоро ќе му легнат 3.368.125 бразилски рили, поточно 673.000 американски долари. Овие пари не се ништо за Ѓоковиќ, кој во кариерата има заработено многу повеќе, но очигледно толку многу бил бесен за се да истера до крај.
Србинот се договорил за егзибициониот меч да добие 1,1 милион долари и оваа сума да му биде испалтена на три рати, но добил само две -вкупно 450.000 долари.
Локалните власти очигледно сакале да го измамат Ѓоковиќ, па со години не му ги исплаќале парите, по што србинот одлучил да ги тужи. Мечот во Бразил беше одиган пред 10.000 фледачи, а Ѓоковиќ со Куертен присувствуваше и на отворањето на тенискиот терен во најголемата фавела во Рио. Интересно е тоа што Ѓоковиќ, тогаш носеше перика како коста на бразилскиот тенисер.
留言