Ринго Стар сè уште се чувствува како да има 27 години
Ринго Стар вели дека се чувствува како да има 27 години. Тапанарот на „Битлси“ в петок (7 јули) ќе наполни 83 години, но тој тврди дека не е стар и дава сè од себе да биде зафатен со некоја активност. Во интервју за магазинот „Пипл“, Ринго рече: „Ништо не ме тера да се чувствувам стар. Во мојата глава, имам 27 години. Мудроста е тежок збор. Стареењето се случува, а вие се обидувате да бидете преокупирани со нешто…“ „Никогаш не сум се чувствувал потиштено. Мислам, имам свои моменти, се разбира. Но, моето расположение е високо. Тоа е сè што можам да кажам, навистина“. Ринго ќе го помине својот роденден со сопругата Барбара во Лос Анџелес на својот годишен настан Peace + Love („Мир плус љубов“), во текот на кој ги охрабрува фановите да испратат бран на излевање мир и љубов во целиот свет точно напладне на кој било начин по нивна желба. Настанот почна во 2008 година кога Ринго во едно интервју беше запрашан што сака фановите да му купат за роденден. Тој без размислување одговори: „Би сакал сите да одат, ‘Peace + Love’, напладне на мојот роденден, 7/7, седмиот ден од седмиот месец“.
Comments