top of page

Римски мозаик од 4. век е откриен во Сирија: Вакво нешто не е видено (ВИДЕО)

Мозаикот, создаден пред 1600 години, е пронајден во градот Растан, во провинцијата Хомс, во централна Сирија, поранешен упориште на бунтовниците.

Мозаикот покажува „ретка сцена“ во која „јасно се видливи деталите и имињата на грчките кралеви кои учествувале во Тројанската војна“, изјави Хамам Саад, шеф на ископувањата и археолошките истражувања во Генералниот директорат за антиквитети и музеи за АФП. „До сега не сме имале нешто слично“, истакнал Саад, додавајќи дека делото не е „најстарото“ во Сирија, но е „најкомплетното и исклучително ретко“. На мозаикот се прикажани и амазонски жени-воини.

„Делот што досега е откриен е долг 20 метри, а широк шест метри“, рече тој и посочи дека допрва треба да се исчистат другите делови. Ова е деветти мозаик откриен на локалитет во Сирија, земја на неколку илјади години стари цивилизации, од Ханаанците до Грците, Римјаните, Византијците до Омајадите, и е полна со археолошки богатства.

Некои локации претрпеа уништување во војната што започна во 2011 година. Растан, кој бил сведок на тешки борби меѓу владините сили и опозициските бунтовници од избувнувањето на војната во Сирија во 2011 година, има многу антички археолошки локалитети кои датираат од римско време. Во градот Хомс изгорена е црквата Ум ал Зинар, оштетена е џамијата Калид Ибн ал Валид, а украдени се и мозаиците во Растан.




 
 
 

Comments


bottom of page