Ример: Деталите би биле плус за Македонија, ништо нема да се реши во 20 минути! натпревар Македонија -Данска за светско 2026 во Копенхаген на Паркен стадион
- Aleksandar Santovski
- Mar 26
- 1 min read
25.03.2026 Mart Sreda
Селекторот на Данска, Брајан Ример, одржа прес-конференција на која говореше за натпреварот против Македонија кој во Копенхаген ќе се игра во рамки на баражот за Светското првенство (СП).
Предводникот на фаворитот не откриваше детали, затоа што како што вели, тие би биле предност за Македонија пред мечот. Воедно, соопшти дека не очекува мечот да биде решен во првите 20 минути.„Не откривам кој ќе биде на теренот утре. Се држам до својата процедура и нема да ѝ ја дадам на Македонија таа предност. Кога ќе излеземе на терен нема да вршиме притисок врз себе дека мора да решиме се за 20 минути. Очекувам дуел кој ќе биде решен дури на самиот крај. Не смееме да си дозволиме стрес. Нема проблеми во составот, задоволен сум од тоа како изгледаме“, изјави селекторот на Данска.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра на „Паркен“26.03.2026 Март Четврток од 20:45 часот во четврток.






Comments