top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рики Џервејс се понуди да биде домаќин на „Оскарите“ бесплатно, но под еден услов

Британскиот комичар Рики Џервејс се понуди да биде домаќин на „Оскарите“ без никаков хонорар – но само ако може да каже што сака. Креаторот на After Life призна дека не мисли оти некогаш од него би било побарано да ја води наградната церемонија бидејќи неговата комика е премногу контроверзна, но тој би ја искористил шансата ако му понудат таква можност и му ја дадат истата слобода како на „Златните глобуси“ во пет наврати. Во разговор со „Д’ Вју“ тој рече: „Можеби ќе ми дозволат ако го правам она што ми е кажано. Но, тука е проблемот“. „Добрата работа за ‘Глобусите’ беше што рекоа оти можам да пишувам свои шеги, да кажувам што сакам, а не да вежбам. А тоа е премногу добро за комичар да го одбие“, рече Џервејс додавајќи дека „Оскарите“ никогаш нема да му ја дозволат таа слобода. „И со право! Мислам дека би биле луди!“


2 views

Comentarios


bottom of page