top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ридигер ја откри вистинската причина за неговото заминување од Челси

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Антонио Ридигер ги договори сите детали со Реал Мадрид и се очекува да биде официјално потврден по крајот на големото финале во Лигата на шампионите, но два дена пред да го одигра последниот меч на „Стемфорд Бриџ“, реши да ја откри вистинската причина за неговото заминување од клубот.

Германецот ќе го напушти Челси без клубот да добие било каква заработка за него, а сето тоа е последица на долгото одолговлекување на преговорите и „црната дупка“ која на крајот резултираше со дополнителен шок и продажба на клубот.

Ридигер открива дека преговорите се искомплицирале минатата есен, но чекал се до месец март, кога донел конечна одлука за заминување и правење нов чекор во кариерата.

– За жал, преговорите за мојот договор почнаа да се комплицираат минатата есен. Преговори се преговори, но кога нема да добиете информации од клубот од август до јануари, тогаш се станува комплицирано. Конечната одлука ја донесов во март, во март знаев дека си одам.

– Другите клубови почнаа да прават притисок, а потоа дојде состојбата со клубот. Требаше да чекам нов газда за преговори, а јас не можев да се доведам во ситуација да чекам до јуни. Сам ја донесов одлуката, мојата сопруга остави на мене. Наспроти преговори, немам ништо лошо да кажам за овој клуб, – вели Ридигер.


1 view

Comments


bottom of page