Рељиќ: Со поволна ждрепка можам до медал во Париз!
26.07.2024 juli Petok
Вечерва со церемонијата на свечено отворање ќе бидат отворени Летните Олимписки Игри. Знаменосци во нашата олимписка делегација ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.
Младата теквондистка две недели беше на специјален камп, на кој ја брусеше формата пред олимпискиот турнир.
„Ова се мои први Олимписки игри. Пред неколку дена се вративме од петнаесетдневен камп на висока надморска височина. Таму работев со 3-4 тренинг партнери кои работеа само со мене. Тоа се техники кои ќе ги работат моите притивчнички. Во Париз очекувам да го дадам максимумот, да бидам фокусирана на борбите, да се борам до крај и се надевам дека со поволна ждрепка може да стигнам до медал“, смета Рељиќ.
Тренерот на Мила Рељиќ, Александар Ефтимов исто така е импресиониран од формата на младата македонска теквондистка
„Формата на Мила е на извонредно ниво. На последните девет турнири од светската листа таа освои седум медали. Тоа е норма која може да ја остварат само натпреварувачи од светска класа. Тоа ни дава надеж дека може да освоиме олимписки медал. Пред еден месец освои европско клупско злато, со четири победи на исто толку борби. Тој настап исто така ми дава надеж за медал“, вели Ефтимов.
На последните Олимписки игри во Токио, Македонија славеше по освојувањето на сребрен медал на Дејан Георгиевски.Вечерва со церемонијата на свечено отворање ќе бидат отворени Летните Олимписки Игри. Знаменосци во нашата олимписка делегација ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.
Младата теквондистка две недели беше на специјален камп, на кој ја брусеше формата пред олимпискиот турнир.
„Ова се мои први Олимписки игри. Пред неколку дена се вративме од петнаесетдневен камп на висока надморска височина. Таму работев со 3-4 тренинг партнери кои работеа само со мене. Тоа се техники кои ќе ги работат моите притивчнички. Во Париз очекувам да го дадам максимумот, да бидам фокусирана на борбите, да се борам до крај и се надевам дека со поволна ждрепка може да стигнам до медал“, смета Рељиќ.
Тренерот на Мила Рељиќ, Александар Ефтимов исто така е импресиониран од формата на младата македонска теквондистка
„Формата на Мила е на извонредно ниво. На последните девет турнири од светската листа таа освои седум медали. Тоа е норма која може да ја остварат само натпреварувачи од светска класа. Тоа ни дава надеж дека може да освоиме олимписки медал. Пред еден месец освои европско клупско злато, со четири победи на исто толку борби. Тој настап исто така ми дава надеж за медал“, вели Ефтимов.
На последните Олимписки игри во Токио, Македонија славеше по освојувањето на сребрен медал на Дејан Георгиевски.
Comments