top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рејчел Вилијамс го тужи „Нетфликс“ за клевета

Поранешна уредничка на фотографии на „Венити фер“ покрена тужба против „Нетфликс“ поради начинот на кој таа е прикажана во хит серијата Inventing Anna („Измислување на Ана“). Рејчел Делоуч Вилијамс е меѓу вистинските луѓе кои беа пoртретирани во вистинитата животна драма за „лажната наследничка“ Ана Делви алијас Ана Сорокин. Но, тужбата за клевета на Вилијамс вели дека серијата ја прикажува како „алчна, снобовска, нелојална, нечесна, кукавичка, манипулативна и опортунистичка личност“. „Нетфликс“ не одговори на барањето за коментар. Вилијамс и Сорокин станаа пријателки во 2016 година, но подоцна таа доби фактура од 62.000 долари за нивното екстравагантно патување од шест дена во Мароко. Во 2019 година, Вилијамс сведочеше во суд за тоа како имала впечаток дека Сорокин ќе ги покрие сите нивни трошоци и рече дека претрпела стрес и анксиозност поради неочекуваниот долг. Кога во февруари излезе серијата за измамите на Сорокин, Вики Бејкер од „Би-би-си“ напиша: „Верзијата на оваа серија за Рејчел не е поволна, таа е прикажана како површна и опседната со себе“.



4 views

Comments


bottom of page