top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рејчел Вајс смета дека жена не треба да го замени Даниел Крег како Џејмс Бонд

Ѕвездата на „Џејмс Бонд“, Даниел Крег, најави дека „Не е време за умирање“ (No Time To Die) е последен пат тој да го портретира тајниот агент 007. Додека се водат многу дебати за тоа кој треба да ја преземе улогата, неговата сопруга даде свое мислење за идејата тоа да биде жена. Рејчел Вајс ја глуми Иви во „Враќањето на мумијата“ и иако е акциона херојка во филмот, таа во интервју за „Дејли експрес“ беше децидна дека жена не би требало да го глуми култниот филмски херој. Таа објасни дека оригиналниот лик Џејмс Бонд на авторот Јан Флеминг е напишан за маж и во никој случај не би требало да биде жена. „Флеминг посветил многу време на пишувањето на овој конкретен лик, кој е машки и кој има посебен однос кон жените“. „Зошто да не создадете своја сопствена приказна наместо да скокате на рамениците и да бидете споредувани со сите други машки претходници?“ 52-годишната актерка додаде: „Жените се навистина фасцинантни и интересни и треба да добијат свои приказни“.



1 view

Comentarios


bottom of page