top of page

Рецитал „Клавишите на Арда“ во Филхармонија


22.03.2021 Mart ponedelnik

„Клавишите на Арда“ е насловен рециталот кој ќе се одржи в среда во 19 часот во Камерната сала на Филхармонија на кој ќе настапи младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу. На програмата се дела од Хајдн, Скарлати, Шуман и Брамс. Арда Мустафаоглу е студент на Факултетот за музичка уметност и театар во Хамбург. Пијанистичката кариера ја започнува на шестгодишна возраст освојувајќи бројни награди на меѓународни пијанистички натпревари: Grand Prix на EMCY натпревар во Истанбул (Турција); прва награда на интернационалниот натпревар „Antonio Salieri“ во Верона (Италија); трето место на интернационалниот натпревар „Triomphe de l’Art“ во Брисел (Белгија); прво место на интернационалниот натпревар „Kunst Und Frieden“ во Хамелбург (Германија), натпревaри во Грција, Србија, Бугарија, Албанија и Франција.



 
 
 

ความคิดเห็น


bottom of page