top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рецензии за „Опенхајмер“: Килијан Марфи има силно влијание врз атомскиот еп

Филмските критичари дадоа позитивни рецензии за новиот биографски трилер на Кристофер Нолан за таткото на атомската бомба. Филмот вклучува актерски тим од холивудската А-листа, предводен од Килијан Марфи во ликот на американскиот физичар Џеј Роберт Опенхајмер. Британски „Индепендент“ филмот го нарече паметен, имагинативен, додавајќи дека режисерот Нолан е во своето најдобро издание. „Телеграф“ оцени дека актерот Марфи заслепува како уништувач на световите. Питер Бредшо од „Гардијан“ напиша дека филмот има некои мани, но сепак е извонреден. Роби Колин од „Телеграф“ додели пет ѕвезди велејќи: „Начинот на кој Нолан го прикажува таткото на нуклеарната бомба е триумф, како да сте сведоци на расцепување на самата историја“. Тој додаде: „Глумејќи го Опенхајмер од раните 20-ти до доцните 50-ти, актерот Марфи (47) ја дава изведбата на својот живот проткајувајќи го телото на Опенхајмер со возбудлива нервозна еротика и неговиот глас со бучна музикалност што ве потсетува на Хемфри Богарт“. Новинарите што го гледаа филмот на премиерата во Париз споделија блескави рецензии на „Твитер“. „Растргнат сум помеѓу тоа да бидам срамежлив и таинствен во врска со Опенхајмер или едноставно да кажам дека ова беше целосен нокаут што ми го отвори мозокот како плутониумско јадро и ме остави да плачам по завршувањето на филмот“, напиша Колин на својот твитер-профил. Режисерот Нолан во разговор со уредничката на одделот на Би-би-си за култура, Кејти Разал, рече: „Овој физичар ни даде моќ самите себе да се уништиме, а тоа никогаш претходно не се случило“. Филмот нѐ враќа во времето кога американскиот физичар го надгледувал создавањето на атомската бомба во текот на Втората светска војна. Опенхајмер управувал со тајна лабораторија во Лос Аламос, направена за време на мандатот на претседателот Френклин Рузвелт, како дел од проектот „Менхетн“ за изградба на првата атомска бомба. Тој го надгледувал детонирањето на првата ваква бомба „Тринити“ во пустина во сојузната држава Ново Мексико пред да бидат бомбардирани Хирошима и Нагасаки. „Опенхајмер“ е базиран на биографијата „Американски Прометеј“ од 2005 година, а главните улоги ги толкуваат Мет Дејмон, Роберт Дауни Јуниор, Емили Блант и Килијан Марфи, кој се најде во главната улога како таткото на атомската бомба.




0 views

Comentários


bottom of page