top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ретроспективна изложба на Јана Манева- Чупоска во „Мала станица“

Во галеријата „Мала станица“ во Скопје, вечерва (3 ноември), во 20 часот, ќе биде отворена ретроспективната изложба на уметницата Јана Манева-Чупоска. Пред јавноста ќе бидат изложени повеќе од сто дела, изработени во повеќе медиуми: цртежи, колажи, масло на платно, акрил, видеоарт, фотографии. Изложбата третира триесет години творештво, вклучувајќи и дела од изложбата од студентските денови на едукација на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

„Речиси е невозможно со неколку реченици да се претстави комплексното и повеќеслојно творештво на Јана Манева-Чупоска, како мултимедијална уметница која подеднакво успешно се реализира во повеќе ликовни, односно визуелни дисциплини/форми: цртеж, сликарство, колаж, инсталација, моден дизајн, видео, перформанс… Инкорпорирајќи ги знаењата од сите наведени области, таа смело создава синергија на спротивставени елементи, истражувајќи ги границите на секој медиум одделно и на сите заедно. Можеби, синтагмата како „единство на контрасти“ би била суштински моментум за толкување на нејзините сè покомплексни дела, што се потврдува во речиси сите нејзини креации.

Делата на Јана Манева-Чупоска, и покрај сериозноста на темите и отсликувањето различни емотивни состојби, суштински отсликуваат позитивен и свеж однос кон уметноста и животот, кои во нејзиниот пример континуирано се преплетуваат“, посочува историчарката на уметност Маја Чанкуловска, која е куратор на изложбата.


2 views

Comments


bottom of page