Ретроспективна изложба на Жарко Јакимовски во Музеј на град Скопје
Updated: Nov 26, 2021
23.11.2021 Noemvri Sreda
Во Музејот на град Скопје од денес, 23 ноември (19 часот), може да се види ретроспективна изложба на македонскиот сликар Жарко Јакимовски. Жарко Јакимовски (1948) е доајен на македонската ликовна уметност, активен на полето на ликовната уметност кај нас речиси веќе 50 години. Добитник е на бројни награди и признанија, и тоа: Награда за цртеж „Климент Охридски“; Награда за сликарство „Лазар Личеноски“; Награда за сликарство „Нерешки мајстори“; Гран при на ДЛУМ на IV Зимски салон и др. Ова е прво вакво ретроспективно претставување на творештвото на уметникот со ваков карактер, при што ќе бидат презентирани дела од сите главните фази во неговото сликарско и цртачко творештво. Јакимовски студирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана (1970-1974), а низ студиски престои во Холандија, Франција, Германија…, го „образувале“ големите мајстори на светската историја на уметноста, но и неисцрпната македонска ликовна традиција – средновековното фрескосликарство и иконопис. Во целото негово творештво можат да се видат назнаки за влијанија од тие европски искуства и секојдневни анализи на големите ремек-дела, но и на македонското традиционално, иконографско искуство во коешто уметникот наоѓа една извонредна врска – тоа е сликарството од Курбиново, фреските на Михаил и Евтихиј итн. Изложбата ќе биде отворена за посетители до 1. декември
Comments