Ретка панини-сликичка на Роналдо продадена за 80.000 долари
Моќта на Кристијано Роналдо се покажа и на пазарот на колекционери кога ретка сликичка од албумите „Панини“, во која е во дрес на својот прв клуб Спортинг Лисабон, се продаде за неверојатни 80.000 долари! 37-годишниот петкратен освојувач на пет „Златни топки“ ја почна кариерата како тинејџер во Спортинг и сликичката е од сезоната 2002/2003, која предизвика огромно внимание кај колекционерите. Италијанската компанија „Панини“ тврди дека се работи за сликичка што ја има само во 200 копии и дека продадената сликичка е една од само 22-те што се во совршена состојба. Роналдо не помина долго време во Спортинг откога во 2003 година сер Алекс Фергусон го грабна во Манчестер јунајтед, каде што помина шест сезони. Сликичката на Роналдо не е единствената што достигнува висока цена – сликичката на Златан Ибрахимовиќ од 2000, додека беше фудбалер на Малме, беше продадена за 31.200 долари, а картичка на Пеле од 1957 година го собори рекордот со сума 486.000 долари.
Comments