Репрезентацијата има нов член: Најдобриот стрелец во Бундеслигата ќе го носи дресот на Македонија (В
Репрезентацијата има нов член: Најдобриот стрелец во Бундеслигата ќе го носи дресот на Македонија (В Македонската кошаркарска репрезентација ја очекуваа дуели со Норвешка и Данска во претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година, дуели за кои добиваме ново име во националниот тим, засилување на плејмејкерската позиција во името на Ти Џеј Шортс. Кошаркарската федерација објави дека Американецот прифатил да игра за Македонија и првите негови мечеви ќе бидат наредниот месец кога во Гевгелија ќе ги пречекаме Норвежаните и Данците. Инаку Шортс е член на Телеком Бон кој ја покрива плејмејкерскта позиција, играч кој мината сезона бил најдобар стрелец во Бундеслигата (20,6 поени), плус воедно и играч со највисок просечен индекс во (22,3). Тој е импресивен и во актуелнава кампања пред се во Лигата на шампионите на ФИБА каде на три средби има просек од 26,7 поени и 7,7 асистенции со индекс 29,3.Инаку селекторот Александар Јончевски поради оправдани причини нема да може да смета на Ненад Димитријевиќ и Андреј Јакимовски за престојните средби во ноември, па комплетниот список на повикани играчи изгледа вака:
Бобан Стајиќ (Пелистер)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Виктор Ефремовски (Гостивар)
Андреј Маслинко (Гостивар)
Страхил Николов (ТФТ)
Амар Хот (Феникс 2010)
Кристијан Николов (Коњаспор-Турција)
Стојан Ѓуроски (Оуренсе – Шпанија)
Теодор Симиќ (Борац Бања Лука-БиХ)
Ти-Џеј Шортс (Телеком Бон-Германија)
Kommentare