top of page

Репрезентативците тренираа на помошно игралиште пред мечот со Швајцарија (ФОТО)

Oct 5
1 min read

преземено од derbi.mk

05.10.2026 Oktomvri Ponedelnik

Македонската сениорска репрезентација веќе е во Швајцарија каде утревечер од терминот 20:45 часот ќе ги одмери силите со домаќините во рамките на 4. коло од групата 1 во сегментот Б во Лигата на нации.

Средбата се игра на стадионот „Термоплан Арена“, но поради тоа што теренот е во лоша состојба и се чува (поправа) за утрешниот натпревар, македонските репрезентативци тренираа на помошно игралиште во Луцерн.

Само за потсетување швајцарскиот селектор Мурат Јакин се жалеше на теренот во Скопје и порачуваше дека тука не може да се игра фудбал, а сега домаќините прават огромен кикс кога е во прашање оваа тема.

Исто така во очајна состојба беше и тревникот во Љубљана кога Македонија и гостуваше на Словенија што јасно покажува дека се претерува со критиките и можеби ние како гости треба да ги потенцираме условите кога не се идеални.


 
 
 

Comments


bottom of page