Репрезентативците во акција, Ерменија и Исланд последи предизвици во мундијалските квалификации (ФОТ
- Aleksandar Santovski
- Nov 9, 2021
- 1 min read
Најдобрата македонска репрезентација се подготвува за последните два натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство, натпревари против Ерменија и Исланд.
Тоа се два дуели кои ќе ни дадат одговор на прашањето дали ќе имаме можност да испишеме нова историја, односно дали ќе остане во игра за место во баражот за мундијалот во Катар. И две победи во Ереван и Скопје не ни гарантираат дека ќе го освоиме второто место затоа што зависиме од Романија, но избраниците на Милевски треба да си ја завршат својата задача и да пробаат да дојдат до шесто бода.
Секако тоа нема да биде лесна мисија, селекцијата е ослабена затоа што не играат Адеми, Јаховиќ, Николов, Ракип…, но без разлика на се оваа е можност да се докаже дека со сплотеност, ангажираност и посветеност може да се дојде до резултат без секого.






Comentários