top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Репрезентативецот Магдевски ќе го носи дресот на Пелистер

Македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски повторно ќе игра за клуб од нашата земја и тоа за Пелистер.

Ова е кам-бек за плејмејкерот на домашната сцена по епизодата која ја имаше во Холандија во Донар Гронинген. Магдевски треба да биде големо засилување за Пелистер и да помогне во организација на играта.

Тој во Македонија има играно уште за МЗТ Скопје, Еуро Никел и Гостивер, а надвор има настапувано во Србија, Шпанија и Романија.

Во Битола за брзо време треба да пристигна уште едно ново име, Стефан Мијовиќ чиј последен клуб бил Хонвед од Унгарија.

Пелистер лошо ја започна сезоната во Првата лига каде забележа два порази, додека во првиот „балон“ во АБА2 лигата забележа победа и пораз и тоа од МЗТ Скопје со кого за два дена се соочува во Битола.


2 views

Comentarios


bottom of page