top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ремек-дело: критичарите одушевени од „Прстените на моќта“

Долгоочекуваната серија претходник на „Господарот на прстените“, „Прстените на моќта“ (The Rings of Power), доби многу пофалба од телевизиските критичари, при што повеќето рецензии ги поздравија заплетот, визуелните елементи и кинематографијата на првите две епизоди. Приказната ги следи настаните од втората доба на универзумот на Толкин – неколку илјади години пред настаните во филмовите и ковањето на прстените на моќта, кои му овозможиле на темниот господар Саурон да владее со поголемиот дел од Средната Земја. Серијата, најскапата ТВ-програма на сите времиња (465 милиони долари само за првата сезона), е сместена илјадници години пред настаните од романите на Џ. Р. Р. Толкин и филмовите „Хобит“ и „Господарот на прстените“. „Господарот на прстените: Прстените на моќта“, кој дебитира на стриминг-услугата „Амазон прајм“ на 2 септември, доби позитивна оценка од 84 отсто на веб-страницата „Ротен томатос“ меѓу 136 рецензии. Ерик Кајн од „Форбс“, кој беше скептик, по првите две епизоди, стана верник. „Она што го создадоа двата шоуранери Патрик Мекеј и Џеј Ди Пејн е неверојатно по обем и размери, со сурова убавина и величественост,“ напиша Кајн. „Ова не е ништо помалку од ремек-дело“. Многу колеги критичари го споделија тој ентузијазам со исклучок на неколку рецензенти, кои не беа импресионирани.



1 view

Comments


bottom of page