Рекордерот Конорс застана на страна на Ѓоковиќ: Федерер и Надал не се најголеми ниту во својата ера
Рекордерот Конорс застана на страна на Ѓоковиќ: Федерер и Надал не се најголеми ниту во својата ераИзминативе години посебно се разви дебатата за најголем играч на сите времиња и постојано се врти кругот околу три имиња, бидејќи Федерер, Надал и Ѓоковиќ режираа неверојатна доминација на грен слем турнирите во последните две децении.
Српскиот тенисер успеа да ги надмине своите лути ривали по бројот на најважни титули и изби на врвот на вечната листа, а според Џими Конорс тоа е доволно за да се смета Србинот за најдобар во неговата ера.
Легендарниот Џими Конорс се уште е рекордер по бројот на освоено вкупни титули (109), по бројот на одиграни мечеви (1557) и по бројот на остварени победи (1274) во Опен ерата, па како тенисер со таков статус го привлече вниманието со својата последна изјава.
– Многумина велат дека Ѓоковиќ сега влегол во фаза кога му е доста од победи. За мене тоа е обично срање. Луѓето мислат дека му е доста и дека време е да дојде некој друг.
– Јас гледам поинаку на тоа, сметам дека треба да убива додека може. Треба да остане на терен се додека не го уништи некој млад тенисер. Досега, единствен кој успеа е Алкарас. Во изминатите години многу се збореше дека Федерер и Надал се најголеми на сите времиња, но всушност тие не се најголеми ниту во својата ера, – потенцира Конорс.
Comments