top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Рекорден награден фонд на САД опен, но помалку пари за шампионите

25.08.2021 Avgust Sreda

ТЕНИС

Повеќе пари ќе бидат наменети за тенисерите и тенисерките што порано ќе го завршат натпреварувањето. Зголемување од 66 отсто на наградите ќе има за учесниците во квалификациите и за сите што ќе настапат во првото коло

Последниот тениски гранслем-турнир сезонава, кој од 30 август до 12 септември треба да се игра во Њујорк, ќе има рекорден награден фонд во историјата на тенисот од 57,5 милиони долари. Но и покрај зголемувањето, вкупната сума за шампионите во машка и во женска конкуренција ќе биде намалена.

Победниците на 141-то издание на турнирот ќе заработат по 2,5 милиони долари, што е за 500.000 долари помалку од минатогодишниот турнир САД опен, на кој тогашните победници Доминик Тим и Наоми Осака добија по три милиони долари, односно 35 отсто помалку во споредба со 2019 г. Исто така ова е најниската награда за победниците од 2012 година, кога наградата била 1,9 милион долари.

Во споредба со наградниот фонд од 2020 година, кој изнесуваше 53,4 милиони долари, наградниот фонд за 2021 година е зголемен за над четири милиони долари, пари што ќе бидат наменети за тенисерите и тенисерките што порано ќе го завршат натпреварувањето. Зголемување од 66 отсто на наградите ќе има за учесниците во квалификациите и за сите што ќе настапат во првото коло. За учество на турнирот, секој има загарантирана награда од 75 илјади долари.

Сезонава најголем вкупен награден фонд имаше Австралија опен во висина од 57.899.200 долари (два милиона за победниците).


4 views

Comments


bottom of page