top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Реконструирани лицата на три египетски мумии стари повеќе од 2.000 години

Врз основа на ДНК-анализа, група американски научници ги реконструирале лицата на три египетски мумии, пишува „Ел паис“. Имено, генетичарите од американската лабораторија детално ги реконструирале обликот и цртите на лицето на трите мумии од Древниот Египет, стари повеќе од 2.000 години. Експертите веруваат дека ова е првпат да може да се открие човечки фенотип врз основа на толку стара ДНК со помош на напредни техники. Според направената реконструкција, Старите Египќани повеќе личеле на луѓето од Медитеранот, Јужна Европа и Блискиот Исток отколку на денешните Египќани. Анализата покажува дека станува збор за машки лица со еврејско потекло, кои имаат корени од Јемен, Мароко и од Тунис.

– Сите бевме шокирани од тоа колку била различна ДНК на старите Египќани од онаа на жителите на денешен Египет. Само едно од лицата наликуваше на денешните Египќани, но другите две беа повеќе слични на луѓето од Јужна Европа и Медитеранот – изјави Елен Мекреј, директорка на лабораторијата „Парабон нано лабс“, која е специјализирана за фенотипирање на ДНК. Потеклото на споменатите мумии не е супсахарско бидејќи ова влијание во Египет се појавило дури во подоцнежните периоди. Најголемиот предизвик за научниците бил фактот дека се работи за екстремно стара ДНК, која била изложена на влијанија од околината илјадници години. – Ако благодарение на модерната технологија можеме да анализираме ДНК стара илјадници години, тогаш сигурно можеме да анализираме примероци стари педесет години – заклучува Мекреј.


0 views

Comments


bottom of page