„Реквием за мојот пријател“ премиерно во Филхармонија
Оркестарот на Филхармонијата вечер премиерно ќе го изведе „Реквием за мојот пријател“ на композиторот Збигњев Прајснер, посветен на полскиот режисер Кшиптоф Кишловски.
Диригент е Емил Табаков, а како солисти ќе настапат вокалистите Билјана Јосифов, Енди Шен Лиу – Кина/Англија, Бојан Булатовиќ – Србија, Ѓорѓи Цуцковски, Александар Стефаноски, Золтан Борбељ – Србија, на оргули, Каролина Бетер – Германија/Србија, на соло блок флејта, и мешаниот хор „Про Арс“.
Збигњев Прајснер (1955) е еден од водечките композитори на филмска музика, и еден од најзначајните во неговата генерација. Прајснер соработуваше со познатиот полски режисер Кшиштоф Кишловски на неговите филмови „Декалог“, „Двојниот живот на Вероника“, трилогијата „Три бои: сино, бело и црвено“, кои му донесоа интернационална слава.
Comments