Реката Сена не е безбедна, одложено натпреварувањето во триатлон во Парис Олимписки игри 2024
30.07.2024 Juli Vtornik
Градоначалничката на Париз, Ен Хидалго пред почетокот на Олимписките игри се капеше во Сена за да им докаже на сите дека е безбедно да се натпреварува во оваа река.
Но, организаторите на натпреварувањето во триатлон на најголемиот спортски собир одлучија дека натпреварувањето на оваа река сепак нема да се одржи. Следен термин за одржување на натпреварот е среда во 10.45 часот, а доколку спортистите и тогаш не можат да бидат на стартот, алтернатива е 2 август.
Поради квалитетот на водата во реката Сена, прво беа откажани тренинзите во триатлон на Олимписките игри во Париз, а сега и машката конкуренција која беше планирана за вторник во 08.00 часот. Засега поради временските услови и проблемите со квалитетот на водата е донесена одлука натпреварот да се одржи во среда во 10.45 часот, за што сè уште нема гаранции дека дотогаш сè ќе биде како што треба.
– Париз 2024 и Светската организација за триатлон повторуваат дека приоритет е здравјето на спортистите, а тестовите кои денеска беа направени на Сена покажуваат дека квалитетот на водата не покажал доволно гаранции кои би овозможиле да се одржи натпреварот. За жал, метеоролошката ситуација е надвор од наша контрола, па дождот што падна на 26 и 27 јули во Париз може да го расипе квалитетот на водата. Иако во последните часови имаше подобрување на квалитетот, отчитувањата на одредени делови од реката покажаа дека се над прифатливите граници за натпреварување – соопштија и од Светската организација за триатлон.
Откако не можеше ниту да се одржи тренингот, спортистите „збеснаа“ бидејќи за Франција е целосен дебакл ако се знае дека пливањето во Сена е забрането повеќе од еден век поради лошиот квалитет на водата, а сега се инвестирани 1,5 милијарда долари за да се исчисти реката.
Comments