top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Режисерот на „Всушност, љубов“ жали за изборот на актери: Се чувствувам непријатно

Режисерот на „Всушност, љубов“, Ричард Картис, призна дека се чувствува глупаво што во неговиот филм нема диверзитет. Култниот божиќен класик беше на удар на критики во последните години поради недостиг на различност. Заплетот на филмот се врти околу осум пара, кои сите се лабаво поврзани и речиси сите се бели. Зборувајќи со Дајан Соер за специјалната програма на Еј-би-си во пресрет на 20-годишнината од филмот, Картис рече дека ова е нешто за што длабоко жали. „Има работи што би ги променил, но фала богу, општеството се менува. Мојот филм во некои моменти се чини застарен. Недостигот на диверзитет ме прави да се чувствувам непријатно и малку глупаво. Има таква неверојатна љубов што се случува секоја минута на толку многу начини во целиот свет и ме тера да посакувам мојот филм да биде подобар“, рече тој. Режисерот подоцна додаде дека кога филмовите се добро направени, тие „служат како потсетник за тоа колку нештата може да бидат убави и како постојат разни работи покрај кои можеме да поминеме, а кои всушност се најдобрите моменти од нашите животи“.



1 view

Commentaires


bottom of page