top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Режисерот Вaтити ветува дека новиот филм ќе ја покаже духовитата страна на Натали Портман

Таика Ваитити откри дека Натали Портман ќе ја видиме во поинакво светло во претстојниот филм „Тор: Љубов и молња“. 40-годишната актерка ќе ја повтори улогата на Џејн Фостер, која сега е Mighty Thor (моќниот Тор) во претстојниот блокбастер за суперхерои, а режисерот сака таа да преземе многу поголема улога отколку што имаше во претходните филмови во серијалот. Во интервју за магазинот „Емпајр“ режисерот рече: „Не сакате Натали да се врати и да го глуми истиот лик. Тор обично лета наоколу, а Џејн е оставена на Земјата и го чека да се врати назад. Тоа е досадно, таа треба да биде дел од авантурата“. „Натали е навистина духовита во реалниот живот. Таа има одлична смисла за хумор и мислам дека тоа не беше доволно искористено во првите филмови“.


2 views

Comments


bottom of page