„Револуција на гликозата“ стана бестселер на „Њујорк тајмс“
02.10.2024 Oktomvri Sreda
Дали понекогаш ви е дозволено да јадете крофна исполнета со џем? И како можете да уживате во колачите без да се грижите за непотребните штетни последици? За ова зборува Жеси Иншоспе, наречена божица на гликозата. Оваа француска биохемичарка постигна светска слава благодарение на книгата „Револуција на гликозата“, која е бестселер на „Њујорк тајмс“.
Жеси се обидува да ги преточи најновите научни резултати во едноставни совети што луѓето можат да ги применат во секојдневниот живот и да го заштитат своето здравје. Таа често гостува во поткастите на популарни автори, па во овој објасни кога е најдобро да се јаде слатко и зошто е опасен скокот на гликозата во организмот.
– Кога јадеме чоколадна торта или порција тестенини, шеќерите се разложуваат на молекули на гликоза. Ова предизвикува скок на гликозата во крвта, но околу 90 минути подоцна, нивото на гликоза брзо опаѓа и чувствувате незадоволство. Ако појадувавте нешто слатко, веќе во 10 или 11 часот повторно ќе почувствувате силна желба за слатки. Ако јадете бисквити или чоколадо, гликозата повторно скока, а тоа може да продолжи и во текот на денот, па личноста станува „зависна“ од шеќер. Затоа ако сакате да јадете нешто слатко, на пример, крофна или бисквити, најдобро време за тоа е по оброк – за десерт. На тој начин ќе имате максимално уживање и максимален проток на допамин, а најмала штета за организмот – вели Жеси.
Според неа, треба да избегнуваме да јадеме слатки „на празен стомак“, а особено да не појадуваме ништо слатко. Исто така, според научните истражувања, гликозата повеќе скока ако пиете вода со крофна, па подобро е прво да го завршите оброкот, па дури потоа да пиете вода.
Comments