top of page

Ревија на песни, игри и музика на пензионерите од Пелагонискиот регион

Во организација на Сојузот на пензионерите од Македонија во Центарот за култура во Битола се одржа 20. Регионална ревија на песни, музика и игри. Домаќин на Ревијата беше Здружението на пензионери од Битола, предводено од претседателката на Извршниот одбор, Даница Петличкова, која ги поздрави сите присутни гости и публиката во големата сала на Центарот за култура, посакувајки им на сите учесници по успешното справување со пандемиата од ковид-19, добро здравје и убаво да се чувствуваат во градот на конзулите и што поуспешно да ги презентираат своите изведби. На ревијата настапија неколку пејачки групи од Битола, Демир Хисар, Крушево и Прилеп. Сите тие презентираа квалитетни изведби, како во пејачката традиција, така и во соло-изведбите. На крајот на на ревијата на сите учесници им беа доделени благодарници, а најдобрите ќе земат учество на Републичките средби. М.М.



 
 
 

Comments


bottom of page