Ребел Вилсон ќе ги води наградите БАФТА оваа година
18.01.2022 Januari Vtornik
Актерката Ребел Вилсон оваа година ќе биде домаќин на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА). Таа ќе ја преземе функцијата од Дермот О’Лари и Едит Боумен, кои беа домаќини на главно виртуелната церемонија минатата година во услови на ограничувања наметнати од пандемијата. Сепак, БАФТА, познати како британски оскари, може да се соочат со главоболка по објавувањето на Наградите по избор на критичарите (Hollywood’s Critics Choice Awards) дека нивниот настан ќе се одржи истиот ден, 13 март. Некои ѕвезди ќе бидат номинирани и за двете и ќе мора да изберат на која ќе присуствуваат. Церемонијата на доделување награди по избор на американско-канадски критичари или Hollywood’s Critics Choice Awards требаше да се одржи овој месец, но беше одложена поради омикрон-варијантата на коронавирусот.
Comments