Реал победи, Куртоа со дирекна забелешка: Не можеме да го играме нашиот фудбал
- Aleksandar Santovski
- Sep 15, 2022
- 1 min read
Реал Мадрид не блескаше, но она што е најважно дојде до трите бода во дуелот со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите и сега со 6 бода е водечка екипа во групата Ф и со тоа е чекор поблиску до место во нокаут фазата. Валверде и Асенсио во самата завршница ги постигнаа головите за триумф на „кралевите“ кои со ова ја продолжија победничката серија од почетокот на оваа сезона. Сепак и покрај поволниот резултат голманот Тибо Куртоа имаше одредени забелешки и тоа за состојбата на теренот на „Сантијаго Бернабеу“. -Лајпциг е добар тим и денеска многу се мачевме. Првото полувреме не беше добро, состојбата на теренот не ни помага да го играме нашиот фудбал. Шефот ги смени работите на паузата, не бевме премногу опасни, ама ги искористивме шансите кои ги имавме. Овие натпревари се важни да ги одбиете и сега со триумф во двомечот со Шахтјор обезбедувате пласман во следната фаза, -порача Куртоа. Директорот за институционални односи, Емилио Бутрагењо вети дека состојбата на теренот ќе биде многу подобра во наредниот период. -Тревата дојде од Екстремадура и таму температурите беа многу високи. Таа [тревата] се мачеше да се аклиматизира, но во наредните недели ќе се подобри, -порача Емилио.

Comentarios