Реал Мадрид ја продолжи соработката со уште еден искусен фудбалер
Реал Мадрид летово остана без неколку играчи со долг стаж на „Бернабеу“, но исто така и ја продолжи соработката со дел од поискусните играчи.
Најнов на списокот фудбалери кои остануваат во „кралскиот клуб“ е Дани Себалјос, кој потпишал договор до 2027 година.
Карло Анчелоти има доверба во Себалјос и клубот реши да му понуди продолжување на соработката, нешто што шпанскиот фудбалер без проблеми го прифатил.
За време на сезоната, самиот Себалјос не беше убеден дека има иднина во Реал, па се споменуваше и негово заминување, но на крајот играчот решил да го прифати предизвикот и да се бори за место во екипата во која има навистина голема конкуренција во средниот ред.
Себалјос дојде во Реал во 2017 година, во меѓувреме беше позајмен во Арсенал, а во новата сезона ќе се обиде да добие и што поголема минутажа од Анчелоти.
Претходно, Реал ја продолжи соработката и со Тони Крос и Начо, а веројатно на сличен начин во тимот ќе остане и Лука Модриќ.
Comentários