Search
Реал Мадрид покажа нов начин за вежбање слободни удари, фановите воодушевени
Реал Мадрид никогаш не заостанувал во однос на техничко-технолошките услови достапни на фудбалерите од првиот тим и младинската академија, а тоа го покажа и со едно кратко видео објавено на профилите на социјалните мрежи.
„Кралскиот клуб“ се пофали со најнова технологија за тренинзи за изведување на слободни удари, при што конфигурацијата и однесувањето на живиот ѕид се контролира преку апликација.
Стручниот штаб може да ги адаптира куклите како што посакува, а тие потскокнуваат правејќи ја ситуацијата пореална.
Модриќ, Милитао и Крос беа први кои го тестираа новиот тренинг партнер, а фановите на Реал можат да очекуваат само подобра реализација наредниот период.
Comments