Search
Реал Мадрид го „украде“ капитенот на У-19 екипата на Барселона
Реал Мадрид обезбеди сериозно засилување во младинската академија, доведувајќи го досегашниот член на Ла Масија, Жауме Жарди.
Досегашниот капитен на У-19 екипата на Барселона беше еден од најдобрите поединци на каталонскиот тим последната сезона, но очигледно не бил задоволен од статусот во клубот.
Договорот на Жарди истекол неодамна, а тој решил да не го продолжува и да ја прифати понудата на најголемиот ривал.
По пет години во Ла Масија, Жарди сега ќе му приклучи на Б тимот на Реал Мадрид, каде тренер ќе му биде Раул Гонзалес.
Покрај тоа што Барселона ги влечкала преговорите за нов договор, медиумите велат дека клубот погрешил што порано не го префрлил Жарди во својот Б тим.
Comments