top of page

Реал Мадрид го претстави Ѓулер, турскиот фудбалер ја остави слободна „деветката“

Арда Ѓулер денеска напладне и официјално беше претставен како фудбалер на Реал Мадрид, а на прес-конференцијата, пред новинарите зборувал претседателот на клубот, Флорентино Перез.

Перез му посакал добредојде на турскиот тинејџер во славниот шпански клуб, потенцирајќи му дека ова е ден за паметење за него и неговата фамилија, истовремено посакувајќи му многу успешни сезони во белиот дрес.

Ѓулер потенцирал дека неговиот сон е да стане клупска легенда на Реал Мадрид, а на промоцијата е потврден и изборот на неговиот број на дрес.

Досегашниот член на Фенербахче го избрал бројот 24 во конкуренција на 9, дрес кој очигледно сакаше да го избегне или пак е „резервиран“ за некоја идна ѕвезда на Реал.

Тоа значи дека Сезар Валехо вторпат во еден месец го отстапува својот број поради засилување на Реал, а претходно тоа го направи и со „петката“ која ја доби Џуд Белингам. Нов број на Валехо ќе биде 25.


 
 
 

Kommentare


bottom of page