Search
Реал Мадрид го потврди ангажманот на Муса
- Aleksandar Santovski
- Jul 14, 2022
- 1 min read
Кошаркарската секција на Реал Мадрид од денеска е посилна за Џанан Муса, кошаркарот од Босна и Херцеговина кој се избори за трансфер во престижниот шпански клуб. По враќањето од НБА, Муса настапуваше за Анадолу Ефес со кого стана европски првак, а минатата сезона како член на Рио Бреоган беше прогласен за МВП на шпанската лига. Муса го привлече вниманието на Реал Мадрид, па клубот денеска ја информираше јавноста дека репрезентативецот на БиХ ќе биде нов член на шпанскиот првак. 23-годишниот кошаркар потпишал двегодишен договор со Реал.

Comments