top of page

Реал Мадрид го доби шпанското дерби и обезбеди финале во Атина

22.05.2026 Maj Petok

Реал Мадрид ќе му се спротивстави на Олимпијакос во неделното финале на Ф4 турнирот на кошаркарската Евролига, а за место на завршниот натпревар за трофејот се избори со победа над Валенсија (105:90).

Шпанското дерби донесе неизвесен прв период, а во вториот Реал првпат стигна до двоцифрена предност, а во продолжение не дозволи пресврт, одржувајќи солидна предност посебно во последната четвртина.

Хезоња со 25 и Лајлс со 17 поени беа најдобри реализатори во ростерот на Серџо Скариоло, додека Монтеро, Роверс и Прадилја постигнаа по 15 во редовите на Валенсија.

Составот од Мадрид во Атина ќе брка дванаесетта европска титула, прва по 2023 година, додека Олимпијакос досега има освоени три титули и последен пат беше европски шампион во 2013 година.

Финалето во Атина ќе биде реприза од финалето пред три години, кога Реал беше поуспешен од грчкиот ривал.


 
 
 

Comments


bottom of page