top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Реал и Барселона понудија нов проект и влегоа во нова конфронтација со Ла Лига

Реал Мадрид и Барселона, поддржани од Атлетик Билбао, испратиле понуда до шпанските клубови која ќе биде конкурент на спонзорскиот договор кој Ла Лига го договараше со инвестициската компанија „ЦВЦ“.

Предлогот подразбира инвестиција на три компании во вредност од 2 милијарди евра и според носителите на истиот, ќе обезбеди многу подобри услови за клубовите во однос на компанијата „ЦВЦ“.

Против првичниот предлог беа Реал Мадрид, Барселона и Атлетик Билбао, но на 10. декември треба да биде реализирано гласање со кое треба да се донесе конечна одлука.

Затоа трите клуба го претставија проектот во кој клубовите ќе добијат заем со камата меѓу 2,5 и 3 проценти. Во комбинацијата со „ЦВЦ“, за истата сума клубовите ќе отстапат 11 проценти од тв правата наредните 50 години.

Ла Лига со сооштение ги обвини трите клуба дека размислуваат само за својот интерес и дека проектот не е испланиран и детален како што е потребно.


1 view

Comments


bottom of page