Реал го засили нападот со играч кој даде 52 погодоци во последниве четири сезони (ВИДЕО)
Шпанскиот великан, Реал Мадрид продолжува да влече потези на пазарот, па по Фран Гарсија, Брахим Дијаз и Џуд Белингам комплетирана е уште една зделка со која е засилена офанзивната линија на екипата. Се работи за искусниот Хосе Луис Мато Санмартин или попознат само како Хоселу кој доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“ како позајмен играч од Еспањол кој во новата сезона ќе игра во втората шпанска лига. „Кралевите“ не открија колку ќе ги чини оваа позајмица, ама по истата ќе имаа опција да го откупат неговито договор. Хоселу во минатото го носеше дресот на Реал како на втората така и на првата екипа што значи дека ова за него е камбек во позната средина. Во последниве четири сезони во Ла Лига постигна 52 гола играјќи за Алавес и Еспањол што е бројка за почит со оглед на екипите во кои настапуваше.
Comments